На Ибеј понудена нацистичка машина за шифрирање (Видео)

2593

Примерок од една од историските машина со чија помош Хитлер разменувал пораки со своите генерали, е пронајдена во англиската област Есекс.

Вработени во британскиот технички музеј „Блетчеј Парк“ ја пронашле машината „Лоренц“ на Ибеј, каде била огласена за продажба како „телеграфска машина“ за цена од 13,9 долари.

Еден од вработените во музејот отпатувал во градот Саутхенд, каде машина во нејзината оргинална кутија била пронајадена во една шупа и ја откупил од новите сопственици за 14 долари.

Машината функционирала на тој начин што во неа се внесувале пораки на германски јазик, а потоа се шифрирале со помош на 12 копчиња со различни симболи. Според претставник на музејот, „Лоренц“ е многу поголема од позната машина за шифрирање пораки од времето на Втората светска војна „Енигма“.

Би те интересирало и

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...

„Netflix“ вложува 8 милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека планира да инвестира осум милијарди долари за производство на сопствени содржини и ...