На кирилицата ѝ се заканува опасност од исчезнување

Српскиот министер за култура и информирање, Владан Вукосављевиќ, изјави дека е потребно да се заштити кирилицата бидејќи постои опасност од нејзино исчезнување, доколку продолжи трендот на некористење.

Според него, причините за евентуално исчезнување на српската азбука се различни: доминација на англискиот јазик, развој на индустријата за забава, интернетот, што доведува до поголема употреба на латиницата.

Тој истакна дека јазикот и азбуката се основно идентитетско прашање на една култура, не само во Србија туку тоа важи за сите модерни држави.

– Духот на времето влијаело кирилицата да биде потисната од латиницата, што не е добро за културното наследство и идентитет. Нашиот народ беше распрснат на различни подрачја во текот на историјата, тоа беше од културолошки причини, но и окупациски мерки, нагласи српскиот министер.

Тој потсети дека латиницата првпат во поширока, официјална смисла, влегла во Србија и Белград во 1915 година за време на австроунгарската окупација.

Вукосављевиќ изјави дека српскиот јазик, за разлика од некои толкувања, нема две азбуки, туку една – кирилица, и тоа е запишано во Уставот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден. Концертот ќе се одржи на 24 ...

Децата ги преземаат училиштата за Светскиот ден на детето

Република Македонија се приклучува кон иницијативата преку поттикнување на училиштата да организираат активности наречени #ДецатаГиПреземаатУчилиштата, ...