На платено боледување ако ви е болно домашното милениче – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

На платено боледување ако ви е болно домашното милениче

cute-pets-A6-1024x608

Банка во Нов Зеланд на своите вработени им овозможува платено боледување од дури неколку недели, доколку им се разболи домашното милениче. Компанијата решила да функционира на ваков начин поради лојалнолст кон своите вработени, но и поради тоа што сака да покаже дека има разбирање за нивните грижи. Платеното отсуство на вработените им овозможува да се грижат за своите миленици како за свои деца.

„Секој може да побара флексибилнос од работодавачот, без оглед на тоа која е причината, компанијата ќе има разбирање, бидејќи тоа е најдобриот начин на работа”, изјавила заменик директорката,  Соња Бел.

Таа исто така тврди дека со овој начин на работа, кога работодавачот е добар со своите вработени, резултира со растење на компанијата и зголемување на профитот.

 

Би те интересирало и

Нил Дајмонд ја откажа последната турнеја откако дозна дека има Паркинсонова болест

Американскиот пејач, Нил Дајмонд ја откажува актуелната турнеја и се повлекува од одење на турнеи ...

Секојдневни навики кои додаваат килограми

Ако избегнувате брза храна, слатки и редовно вежбате, но никако да симнете неколку проблематични килограми, ...