На скопјанец му го украле автомобилот додека бил во продавница – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

На скопјанец му го украле автомобилот додека бил во продавница

Четириесет и тригодишен скопјанец со иницијали Т.И. вчера во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека истиот ден му бил украден автомобилот марка „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки.

Од МВР денеска соопштија дека сторителот го искористил невниманието на пријавителот, кој излегол од возилото и го оставил да работи. Тој влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот – додаваат од МВР.

Би те интересирало и

Соседка спречила киднапирање на дете со вила за сено

Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР. ...

Денеска протест за жртвите од Смилковско Езеро

Граѓани денеска ќе протестираат за правда за жртвите од Смилковско  Езеро. Информацијата за настанот беше ...