На 22 јануари продолжува судењето во случајот „Еразмус“ за професорите од Економскиот факултет за поткуп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

На 22 јануари продолжува судењето во случајот „Еразмус“ за професорите од Економскиот факултет за поткуп

Во кривичниот суд на 22 јануари продолжува судскиот процес за предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, познат како „Еразмус“, потврдија за „Макфакс“ од Основниот суд Скопје 1.

Aдвокатот, Јован Јоанидис, кој застапува дел од обвинетите рече дека предметот е во доказна постапка. Адвокатите лани побарале, но не добиле изземање на судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски. Тие како членови на кривичниот совет, веќе еднаш решавале по жалба на второобвинетиот Драге Јанев и притоа донеле решение со кое ја потврдиле одлуката на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за „Макфакс“ само кратко потврдија дека во октомври 2016 година до судот поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои поранешниот декан Бобек Шуклев., кои се обвинети дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп.

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...