НБА ги откри резервите за „Ол-стар“ натпреварот во Лос Анџелес – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

НБА ги откри резервите за „Ол-стар“ натпреварот во Лос Анџелес

Најдобрите НБА играчи на 18 февруари ќе бидат на едно место, „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, и ќе го одиграат егзибицискиот „Ол-стар“ натпревар на половина од новата сезона.

Неодамна беа одредени капитените и стартерите на двете екипи, а вчера беа откриени имињата, кои ќе бидат резерви.

Источна конференција: Кајл Лаури (Торонто Репторс), Џон Вол (Вашингтон Визардс), Бредли Бил (Вашингтон Визардс), Виктор Оладипо (Индијана Пејсерс), Кристапс Порзингис (Њујорк Никс), Кевин Лав (Кливленд Кавалирс) и Ал Хорфорд (Бостон Селтикс).

Западна конференција: Расел Вестбрук (Оклахома Сити Тандер), Дејмиан Лилард (Портланд Треил Блејзерс), Клеј Томпсон (Голден Стејт Вориорс), Џими Батлер (Минесота Тимбервулфс), Дрејмонд Грин (Голден Стејт Вориорс), ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио Спарс) и Карл-Ентони Таунс (Минесота Тимбервулфс).

Меѓу најпознатите играчи кои ќе отсуствуваат се Крис Пол од Хјустон Рокетс, Пол Џорџ од Оклахома Сити Тандер и Марк Гасол од Мемфис Гризлис.

Би те интересирало и

NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео)

67-от НБА ол стар меч заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс ...

NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео)

Светот не е премногу воодушевен од втората ноќ во НБА олстар-викендот, особено од натпреварот во ...