НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, велат од Народната банка.

Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината.

„Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од аспект на структурата, извозот и понатаму има највисок индивидуален позитивен придонес кон годишната промена на БДП главно како резултат на активноста на новите индустриски капацитети, но закрепнување се забележува и кај дел од традиционалните сектори“, се вели во кварталниот извештај на Народната банка.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Колумна: Бонева.

Во јануари 2015 дознавме дека Бонева на име патни трошоци во Собранието земала 23000 евра ...

Царовска: Кривично дело е од работниците да се бара да вратат дел од минималната плата

Министерката порача дека сите работници кои имаат доказ и се подготвени да сведочат можат лично ...