НБРМ ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

НБРМ ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто

Извозот, инвестициите и личната потрошувачка се носечки фактори за растот на Бруто фомашниот производ во оваа година  – смета актуелниот гувернер на НБРМ, Димитар Богов. Тој на прес конференција соопшти дека во 2018 и 2019 година се очекува забрзување на растот на БДП  до 3,2, односно до 3, 5 проценти.

Од НБРМ очекуваат дека годинава ќе дојде до пораст на цените на нафтата и на храната. Во нивните најнови проекции влегуваат и очекувањата за стабилен домашен амбиент, приливи на нови странски инвестиции и повторно започнување на јавниот инфраструктурен циклус.

На прашањето на што се должи помалиот раст што за Македонија го проектираат меѓународните финансиски организации, Богов вели дека тоа е резултат на помалото ланско остварување од она што тие го имале предвидено. Растот беше помал од тој што го предвиделе и затоа проекциите за годинава се намалени.

 

 

 

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево со писмено соопштение реагираше на денешните изјави на вицепремиерот, ёКочо Анѓушев и ...

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

  Со изградба на крупни инсфраструктурни проекти и одржливост на јавниост долг до зголемена ефикасност ...