НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст од 2,5 проценти на македонската економија за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година – информира денеска на прес конференција гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со октомври и очекува забрзување на растот на цените, односно инфлација од 1,3 проценти годинава и 2 проценти догодина.

НБРМ очекува стеснување на дефицитот на тековната сметка во периодот 2017-2018 година, понизок дефицит на салдото на стоки и услуги, благ раст на секундарниот доход, како и проширување на дефицитот кај примарниот доход. За годинава се проектира раст на депозитите кај банкарскиот систем од 4,2 процента, како и кредитен раст од 5,6 проценти.

Банкарскиот систем, според НБРМ, е и натаму стабилен, ликвиден и високо капитализиран.

„Клучни претпоставки на априлските проекции се задржување на здравите фундаменти на домашната економија, продолжените негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите, како и претпоставката за постепено разрешување на кризата во текот на годинава, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти до крајот на годината“, наведе Богов.

Појаснувајќи ја промената на ризиците помеѓу двете проекции, гувернерот Богов рече дека неповолните ризици во овој циклус проекции се поизразени споредено со октомври. Тие се главно  поврзани со домашните фактори од неекономски карактер, односно со политичката криза која што продолжи и на почетокот на 2017 година спротивно на октомвриските очекувања за нејзино разрешување, како и со надворешното опкружување поврзано со неизвесноста од последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ…

Како поволни ризици во најновото сценарио на Централната банка се наведени посилните позитивни ефекти од структурните промени во извозниот сектор на домашната економија, а во глобални рамки по брзото закрепнување на светските цени на примарните производи, натамошно подобрување на финансиските услови и фискален стимул во САД.

Додади коментар

Би те интересирало и

За градежни материјали и гориво лани потрошени 12,9 милијарди денари

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во ...

Народната банка ќе потроши 550 илјади евра за печатење монети од 2 денари

Ковани пари со апоенска вредност од 2 денари со проценета вредност без ДДВ од 34.000.000 ...

Close