Неверојатни 24.000 евра достигна на црно цената на билетите за Реал – ПСЖ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Неверојатни 24.000 евра достигна на црно цената на билетите за Реал – ПСЖ

За само 37 минути се продадени влезниците за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, а огромниот интерес за овој дуел придонесе цената на црно да достигне неверојатни 24 илјади евра.

Реал Мадрид е бранител на трофејот во елитното натпреварување, но не игра во посакуваната форма оваа сезона, додека ПСЖ засилен со Нејмар имаа големи амбиции на патот кон европскиот трон.

Реал Мадрид и ПСЖ во првиот дуел од осминафиналната пресметка ќе се сретнат на 14 февруари во Мадрид.

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...