„Невреме“ е новата песна на Антониа Гиговска (Видео)

Со нова балада, која има модерен ритам, Антониа Гиговска внесува свежина на домашната музичка сцена. Темата која носи наслов „Невреме“ е всушност и првата песна за која Антониа сними видео запис, кој беше промовиран денеска.

„Се работи за невреме во душата, мило ми е ако и’ се допадне на публиката, се надевам ќе биде се’ во најдобар ред. Понатаму ќе правам помодерни песни, кои ќе ме опишуваат  мене како личност“, изјави Антониа за Канал 77.

Баладата „Невреме“ авторски ја потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, а видео записот е снимен во Стоби винарија.

Антониа изјави дека би сакала да сними песна и на англиски јазик, бидејќи како што истакна на денешната промоција, повеќе се пронаоѓа во звукот на светската музичка сцена. Младата пејачка најавува и многу меѓународни  настапи во престојниот период.

Би те интересирало и

Македонија го празнува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегации на Собранието на Република Македонија и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на ...

Арт фестивал „БОШ 2017“ во Гевгелија

Гевгелија денеска и утре е домаќин и организатор на деветтото издание на мултимедијалниот арт фестивал ...