Невреме со грмотевици, дожд и град во делови од Скопје

Фото: Архива

Делови од главниот град денеска беа погодени од силно невреме проследено со грмотевици, силен дожд и град. Температурите денеска во земјава се очекува да достигнат максимални 18 степени, а во Скопје до 17.

Во главниот град се очекуваат повремени врнежни со променлив интензитет, кои ќе бидат проследени со грмежи.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.

Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура.

Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...