Неготинецот кој поседува 100 олдтајмери ќе биде во трка за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“

Домашниот документарец „Со љубов“ („Avec L`amour“) во режија на Илија Цветковски за Дионис Пашлаков, неготинецот кој поседува 100 олдтајмери ќе биде во трка за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“

Македонскиот документарен филм „Со љубов“, кој на најпрестижниот фестивал за документарен филм во светот, „Хот докс“ во Торонто, Канада,на 2 мај ја имаше својата премиера,сега ќе се натпреварува за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“

Документарецот е всушност приказна за Дионис Пашлаков ,пензиониран професор по биологија од Неготино страстен љубител на олдтајмери.

Документарецот е за човек кој има преку сто автомобили,стари и дотраени повеќето од нив,не се во функција,и неговата огромна љубов кон нив.За да ја поднови колекцијата,финансиите ги обезбедува заедно со сопругата Гоца,која е познат слаткар во градот на виното. Со интересни брачни расправии поддржани од  саундтрак на „Фолтин“, се гради љубовна приказна, на запалените мотори од старите автомобили.

На плацот во Неготино Дионис на старите автомобили им го продолжува векот тогаш кога сите од нив кренале раце.

Инаку, четиринаесет филма се вклучени во официјалната програма на 23. „Сараевски филмски фестивал“ во категоријата документарци.Македонскиот Со љубов е во режија на Илија Цветковски а продуцент е Атанас Георгиев.

Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува десеттото јубилејно издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ!

На само еден ден пред доаѓањето на есента, почнува десеттото издание на Викенд медиа фестивал ...

„Невреме“ е новата песна на Антониа Гиговска (Видео)

Со нова балада, која има модерен ритам, Антониа Гиговска внесува свежина на домашната музичка сцена. ...

Close