Неготинци без вода за пиење ама затоа ќе добијат фонтана

На овие температурни шокови од плус 40, неготинци наместо да се разладуваат дома под туш сега ја гледаат изградбата на новата фонтана која чини околу 60 илјади евра.

Револтирани прашуваат зошто им е фонтана кога водата за нив особено во летниот период значи луксуз. Во градот на виното со децении наназад ја нема секојдневно, рестрикциите се и дење и ноќе а ветувањата дека вода ќе има се провлекуваат на секои локални избори.

Пред извесен период започна реконструкцијата на водоводната мрежа, се менуваа водомери ама рестрикциите останаа. Првиот човек на градот, Ванчо Апостолов вели дека ветената фонтана се гради, карактеристична по европски терк а граѓаните ќе бидат задоволни со подновениот лик на градот.

Неодамна со реакција излегоа и од неготинските социјалдемократи кои рекоа дека фонтаната не е приоритет во градот без вода, без породилно одделение, лабораторија, непокриен градски пазар и немање доволно паркинг простор во центарот.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...