Неготинци денес цел ден без вода поради дефект на водоводната мрежа

Неготинци денес цел ден без вода поради дефект на водоводната мрежа, за нив ова не е ништо ново зашто како што велат и онака вода немаат преку цел ден на овие високи температури.

 

Најавата на ЈП Комуналец дека денес ќе нема вода од 9 до 20 часот, неготинци не ги изненади многу. Додека од претпријатието велат дека поради дефект на главниот цевковод ќе се вршат активности па ќе биде сопрена водата за пиење, за жителите на градот ова е вообичаена слика. На овие високи температури од плус 40, кога е најпотребна за неготинци водата е лускуз. Нема двор да не се забележат полни пластични шишиња, кофи и буриња зашто редукциите се присутни два пати во денот а вода е неопходна.

-Вода немаме преку цел ден, постојано рестрикции, велат граѓаните на Неготино.

Од Комуналец велат дека околу педесет проценти е зголемена потрошувачката поради поединци кои нерационално ја трошат водата за пиење. Во моментов Неготино добива околу 70 литри во секунда вода за пиење, а градот има потреба од минимум 80 литри во секунда.
Градоначалникот Ванчо Апостолов вели дека се реконструира дотраената водоводна мрежа, заменети се старите водомери со нови во домаќинствата, со средства преку кредит од Светска банка.

Долг период треба за да се средат состојбите со водоснабдувањето зашто долго време не се решавале, потенцираше градоначалникот Апостолов, ама за сметка на тоа пак со полна пареа на сред плоштад се гради фонтана тешка 60 илјади евра,во услови кога неготинци молат за вода.

Автор: Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Грујовски и Бошковски не се уште во притвор, полицијата вчера не ги нашла дома

Полицијата синоќа не ги нашла во своите домови поранешниот началник во Управата за безбедност и ...

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Close