Недела на ирански филм во Кинотеката на Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Недела на ирански филм во Кинотеката на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 27 јануари ќе се одржи филмскиот циклус посветен на современиот ирански филм.

Иранската кинематографија е една од најистакнатите светски кинематографии. Иранските филмови се препознатливи по својот реализам, непретенциозност и едноставност во изразот. Но, преку тие навидум мали приказни се рефлeктира не само иранското општество туку и некои универзални човекови дилеми. Такви се и филмовите од оваа селекција. Тоа се филмски наслови од поновата иранска продукција, од признати ирански режисери, директори на фотографија и познати актерски имиња кои имаат значајно место во светската кинематографија и имаат освоено голем број фестивалски награди.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија ќе бидат прикажани филмовите „Слаткиот вкус на имагинацијата“ во режија на Камал Табризи (22 јануари), „Еднаш, љубов и предавство“ во режија на Давуд Бидел (23 јануари), „Базен за сликање“ на Мазиар Мири (24 јануари), „Сосема сам“ во режија на Ехсан Абдипур (25 јануари), „Коцка шеќер“ во режија на Реза Миикарими (26 јануари) и „Толку блиску, а толку далеку“ во режија на Реза Миркарими (27 јануари).

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје во чија селекција се и филмовите. Влезот за проекциите е бесплатен.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...