Недостигот на сон го слабее имунитетот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Недостигот на сон го слабее имунитетот

Истражувањето спроведено во САД на Универзитетот во Вашингтон го поврзува недостигот на сонот со поголеми шанси за послаба функција на имунолошкиот систем, пренесуваат медиумите.

Наодите објавени во стручното списание „Слип“ се добиени со следење на 11 двојки близнаци, на просечна возраст од 43 години. Се покажало дека во случаи кога еден од близнаците редовно спиел значително помалку од вториот, тој имал послаб имунитет.

Тоа посебно било изразено преку редуцираната активност на белите крвни зрнца. Претходните студии веќе укажале на поголем ризик за настинка кај лица кои не спијат доволно. Податоците добиени во САД сугерираат дека просечното траење на сонот во последните сто години се намалил за 1,5 до 2 часа.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Стресот предизвикува проблеми со помнењето

Стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје и може да предивика сериозни, хронични проблеми ...

Истражувањата покажаа: Жените се посилен пол

Истражувачи од Универзитетот во Лондон откриле дека женскиот имун систем може да победи различни инфекции ...