Неколку села останаа без струја по синоќешниот силен дожд во Свети Николе – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Неколку села останаа без струја по синоќешниот силен дожд во Свети Николе

Силен дожд следен со ветар, вчера попладне го зафати светиниколскиот регион. Неколку часа без струја останаа неколку села, откако дрво падна брз далноводот. Без стрија на кратко остана и градот Свети Николе.

Силниот ветер го однел покривот на куќа каде живее дванаесетчлено семејство во селото Кадрифаково. Општината понудила времено сместување на семејството, кое сепак одлучило да остане во куќата.

Во друга куќа во Свети Николе удрил гром, но за среќа, нема повредени.

Спасувачки екипи излетоа на терен, по што се санирани дел од штетите и воспостабено е редовно снабдување со електеична енергија

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...