Нема визна либерализација за Косово без исполнување на два услова

2013-04_Kosovo

Косово нема да може да оствари напредок во процесот за визната либерализација, се додека не ги исполни последните два критериума, соопшти Канцеларијата на Европската унија во Приштина како раакција на барањата на косовската Влада за можно „заобиколување“ на критериумот за демаркација на границата со Црна Гора.

Како што јави дописникот на МИА, сега станува јасно дека ветувањето дадено од косовската Влада дека најдоцна до декември годинава Косово ќе добие визна либерализација, нема да биде исполнето, а засега, како што пишува „Коха Диторе“, демаркација на границата со Црна Гора не е на агендата на Парламентот.

– Нема да има напредок во визната либерализација, доколку двата останати критериума – демаркацијата и справувањето со корупцијата, не бидат исполнето од страна на Косово, стои во соопштението на Канцеларијата на ЕУ.



Додади коментар

Би те интересирало и

Могерини на почетокот на март ќе ги посети Балканот и Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на ...

УНИЦЕФ: Секое петто дете во Хрватска гладува

Повеќе од 20.000 деца во Хрватска буквално гладуваат, а единствен топол оброк им е оној ...

Close