Неуспешен обид за бегство на притвореник од прилепскиот затвор – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Неуспешен обид за бегство на притвореник од прилепскиот затвор

Триесет и деветгодишен притвореник од прилепскиот затвор синоќа при излез од Градската болница во Прилеп, каде бил на лекарска интервенција, им побегнал на тројца затворски чувари но по неколку часа е пронајден и повторно е приведен во затворот.

Лицето, кое инаку е од Прилеп и неофицијално живеело во зградите во близина на Градската болница, успеало кратко време по бегството да се крие на теренот кој добро го познавал-во околните улички, болницата, Центарот за јавно здравје и старото инфективно одделение, но по кратката потера од полцијата и предупредувачките пукања во воздух да се предаде, околу 22 часот било пронајдено и приведено во затворот.

Настанот денеска и официјално е потврден во билтенот на МВР и во изјава за Канал 77 од портпаролката на СВР Битола, Лефтерија Миленкоска:

„Синоќа во Полициска станица Прилеп 33-годишен вработен во Казнено поправна установа Затвор Прилеп пријавил дека во временскиот интервал то од 19.00 до 19.30 часост додека заедно со двајца негови колеги Д.П. и Р.В. го носеле притворениот Л.П.(39)  да му се изврши преглед во Градска Болница(нервно одделение) при излез од болницата и при ставање на притвореното лице, кое било прописно врзано со лисици во службеното возило, тој го турнал службеникот Д.П. додека Д.Н. го повлекол за службената униформа и се дал во бегство. Настанот е пријавен во Полициска станица од Општа надлежност Прилеп. Околу 22 часот лицето било пронајдено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор Прилеп“.

Лицето во прилепскиот затвор било во притвор по пријава за малтретирање.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

Во куќа пронајден мртов штипјанец

Во куќа на улица ,,Сутјеска“ пронајден е мртов штипјанец. Првичните сознанија говорат за убиство. Според ...

Тројца скопјани искасани од кучиња во Центар

Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно ...