Не знаела како нејзиниот питбул ќе реагира на мачето

Моментот кога 24-годишната девојка по име Фиби Џил ја здогледала сликата од ова напуштено маче без едно око, знаела дека мора да му помогне и да го посвои.

Мачето по име Стич го изгубило своето око поради негрижа од сопственикот, кој на крај го однел во ветеринарна болница и го оставил таму само и препуштено на судбината.

Фиби и Стич веднаш се засакале, но девојката имала еден проблем – таа дома веќе чувала питбул и не била сигурна дали двете животни ќе се прифатат и ќе можат да живеат заедно.

Но, животните секојдневно не потсетуваат колку поголеми луѓе се од нас – питбулот по име Аљаска и Стич не само што се засакале, туку и кучето станало најголемиот заштитник на малото еднооко маче.

Прекрасно пријателство кое го растопува срцето!

Извор: ЗаЗабава

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close