Не’ очекува топло време со натпросечни температури

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 32 до 38 степени.

[ File # csp5698548, License # 1629134 ]Licensed through http://www.canstockphoto.com in accordance with the End User License Agreement (http://www.canstockphoto.com/legal.php)
(c) Can Stock Photo Inc. / Kzenon
УВ-индексот ќе има вредност 9.

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголем дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...