„Не сега, драга“ – премиера на Театар Комедија за Меѓународниот ден на театарот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Не сега, драга“ – премиера на Театар Комедија за Меѓународниот ден на театарот

Со премиерната изведба на претставата „Не сега, драга“ од Реј Куни,  Театар Комедија утревечер ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот 27- ми март, но и својот шести роденден.

За првпат режирана пред 25 години во Драмскиот театар, а репризана 250 пати, претставата „Не сега, драга“ вечерва ќе ја има својата премиера во Театар Комедија. Режисерот Коле Ангеловски потсетува дека оваа претстава била деби за актерот Драган Спасовски – Дац, посочувајќи дека истата може да се нарече и „Хотел Македонија“.

Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово, кој доаѓа во Скопје на состанок во Собранието. Се сместува во хотел и има закажано состанок со секретарката на претседателот. Меѓутоа со пратеникот доаѓа и неговата сопруга и тука почнува хаосот – потенцира Ангеловски.

Заменик директорката на Театар Комедија, Мирјана Поповска Ристова рече дека со „Не сега, драга“ ја задржуваат традицијата, на Меѓународниот ден на театарот да излезат со премиера:

„Во претставата играат Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков.  Драматург е Дарко Јан Спасов, сценографијата е на Илина Ангеловска, а костимографијата на Раде Василев“.

Со премиерната изведба на оваа претстава, Театар Комедија ќе го одбележи и својот шести роденден. Од раководството на оваа културна институција, најавуваат и реконструкција на дел од објектот  со пари од ресорното министерство.

 

Би те интересирало и

Откриена ризница со монети на кралот Харалд „Модрозабиот“ на Риген

Археолози во нива на најголемиот германски остров Риген откопале вредна сребрена ризница од доцниот 10. ...

Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера

Театар Комедија вечерва ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална ...