Нивото на Охридското Езеро девет сантиметри над минималното – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нивото на Охридското Езеро девет сантиметри над минималното

Денешната кота на нивото на Охридското Езеро изнесува 693,19 мнм и е за девет сантиметри повисока од дозволеното минимално ниво (693,10 мнм) – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, водостоите на сите реки во Македонија се под вообичаениот просек за октомври со исклучок на Вардар кај Демир Капија кој има за осум сантиметри повисок водостој од вообичаениот и Брегалница кај Берово со еден сантиметар повисок водостој.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...