Нигерија: Девет загинати во експлозија на гас – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нигерија: Девет загинати во експлозија на гас

Најмалку девет лица загинаа, а десет се здобиле со тешки повреди кога експлодирал резервоар за гас во магацин за нафта во југозападниот дел на Нигерија.

Властите засега немаат објаснување што ја предизвикало експлозијата во објектот на нигериската компанија „Линк оил енд гас“ во Калабар, рекол полицискиот командир за агенцијата АФП.

Според очевидци, бројката од девет загинати може да биде и поголема, додека десет лица се здобиле со тешки повреди.

Како што се наведува експлозиите на гас се чести во Нигерија, држава која е најголем производител на нафта во Африка, бидејќи нафтата се транспортира по лоши патишта и во камиони кои се во лоша состојба.

Несреќите се редовна појава, бидејќи крадците на нафта ги оштетуваат гасоводите, наведува АФП.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Автобус прегази велосипедист вечерва

Сообраќајна несреќа се случила денес во 16.20 часот  на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на ...

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...