Нигерија: 50 мртви во напад на Боко Харам

Повеќе од 50 луѓе се убиени во Нигерија, кога припадници на исламистичката организација Боко Харам, нападнале екипа на истражувачи на нафта во североисточниот дел на државата.

Како што за агенцијата АФП изјавиле воени, медицински и хуманитарни извори, нападот се случил во текот на оваа недела.

„Бројот на мртви постојано расте. Сега има повеќе од 50, а тела и понатаму пристигнуваат“, изјавило неименувано лице кое било запознаено со нападот, кој се случил во вторникот во близина на Магумери.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Штипјанец тешко повреден во сообраќајка на патот Свети Николе – Пробиштип

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода која вчеравечер се случила на регионалниот пат ...

Украдени 880 000 денари од фирма во Гевгелија

Во периодот од 19 часот на 22. септември до 11 часот на 23. во Гевгелија ...

Close