Ники Хајден е во индуцирана кома

Американецот, кој сега настапува за Хонда во Супербајк шампионатот, бил на велосипед на јадранскиот брег во близината на Римини, по што веднаш е пренесен во болницата во Чезена со повреди на главата и градите – пренесува порталот Спорт медиа.

Тој ја освои својата единствена Мото ГП титула во 2006 година победувајќи го Валентино Роси да ја прекине неговата низа од пет титули едноподруго.

„Би сакале да се заблагодариме на сите за пораките за поддршка и на медицинскиот тим за потребната помош. Кога ќе имаме официјално соопштение за состојбата на Ники од неговото семејство, ќе објавиме дополнително соопштение“, се вели во соопштението на тимот на Ред Бул Хонда.

 

Извор:www.sportmedia.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Стотици Македонци настапија на ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” (галерија)

„ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” беше мотото под кое вчера на кејот на реката Вардар, стотици ...

Пандев му го даде најубавиот подарок на Трајковски

Капитенот на нашиот национален тим и на вчерашниот меч направи гест кој што заслужува почит. ...

Close