Никола Груевски – Теоретски поранешен, технички се’ уште премиер

Како во време кога беше премиер, на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,  вчера во Македонска Каменица му рапортираа за напредокот на владините проекти, министерите за транспорт и врски Влади Мисајловски, за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими, градоначалникот Дарко Митевски, а и техничкиот директор на Рудникот Саса, Максим Прохоров.

Груевски беше официјално  пречекан, но за разлика од порано, во време кога беше премиер, отсуствуваше масовноста од граѓаните.  Градоначалникот Митевски на Груевски му ја  покажа новата Куќа на спортот, инвестиција на Општината Макеоднска Каменица во вредност од 18 милиони денари, а рудникот Саса купи опрема за 30 илјади евра.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахи Ибраими  му рапортираше на коалиционерот Груевски за новиот Дневен центар за деца со посебни потреби, во кој министерството има помало учество од два милиони денари, додека Општината обезбеди 11 милиони. Во моментот кога пред Дневниот центар Ибраими го заврши својот рапорт најавувајќи го владиниот проект за летување и зимување на децата од семејства во социјален ризик, еден од неколкуте насобрани граѓани довикна:

-Господине, нам не ни треба зимување. Ни требаат лекари. Имаме само еден специјалист – рече еден од присутните граѓани.

На ова Никола Груевски само се насмевна и продолжи.

Додади коментар

Би те интересирало и

Струшката депонија повторно гори

Откако минатата недела депонијата во Струга беше покриена со земја и песок со цел да ...

Хан: Сите одговорни актери да се сконцентрираат на задачите што претстојат

После сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да ...

Close