Николовски: Огромни злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“ (Видео)

Lj.Nikolovski-685x320

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во оставка, Љупчо Николовски денеска на прес конференција објави дека продолжува со објавувањето на како што рече, вистината за незаконското работење во Министерството и и злоупотребите на институциите.

Тој тврди дека пости огромен скандал кој е поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“, однсно фонд во висина од 12 милиони долари помош од Владата на Јапонија“.

„Власта, преку МЗШВ , наместо да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците, за набавка на трактори, документите коишто денеска ги објавувам покажуваат огромни злоупотреби со парите од овој Фонд, на штета на земјоделците. Овој извештај на официјалната Комисија за управување на средствата од помошта од јапонската влада покажува дека на фирмата Фактор консалтинг, од жиро сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на 3 милиони денари (односно околу 50.000 евра) за месечен паушал за сработеното и наплата на долг. Дополнително од оваа сметка на Министерството  повлечени се нови околу 9 милиони денари (околу 150.000 евра), пари за кои оваа Комисија на министерството констатира дека нема покритие како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. И за тоа писмено го информира министерот Цветков на 30.09.2015“, изјави Николовски.

Тој смета дека Цветков обврска да го објасни на јавноста тоа што го констатирала токму оваа Комисија формирана со негов потпис:

Како тоа може без покритие од сметка на министерството што е наменета за прибирање на странска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие?

Во која  држава ова е можно да се направи и да се молчи за истото?

Врз која основа се повлечени овие средства?

Во чии џебови се завршени овие стотици илјади евра?

Сега е јасно зошто откако поранешниот и аболициран министер Љупчо Димовски застана да го води министерството, згасна и имплементација на „Јапонската помош“.

Објавувањето на огласи за механизација со безкаматни средства од 2009 година наваму нема. Спротивно на Одлуката на Владата на РМ, аболицираниот Димовски не формирал комисија за прибирање и користење на средствата од Фондот во 2010 година. Но, затоа склучил договор со приватна компанија за наплата на побарувањата од корисниците на Јапонската помош.

„Вклучително и преку оваа странска помош добивајќи трактори кои не ги плаќаат а притоа спротивно на закон земаат и огромни субвенции. Токму поради ова вистинските земјоделци не можат да бидат корисници на Јапонската помош и не можат редовно да добиваат субвенции. Затоа од 2009 наваму нема огласи за користење на средства преку овој фонд од Јапонската Влада. А со тоа се спречува и отварање на нови извори на финансирање на нашето земјоделство од Јапонија. Сето оваа е на огромна штета и на нашиот имиџ и углед како земја и дополнителна причина дека аболиција за криминалци не смее да има. Барам Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства“, изјави Николовски.

Би те интересирало и

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...

Вредноста на семејната кошница во август 32 316 денари

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии ...