Николовски: Повеќе мерки за подобрување на состојбите во земјоделството – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Николовски: Повеќе мерки за подобрување на состојбите во земјоделството

Владата секогаш ќе биде партнер на земјоделците и ги охрабрувам да сметаат на тоа. Во минатото лозарите немаа многу среќа, невреме, мрзнење на лозјата, доцнење на субвенции,сега тој период е зад нас и ќе сториме се’ во нивна полза – рече премиерот Зоран Заев денес на прослава на празникот на лозарите Свети Трифун во Неготино.

– Веќе почнавме разговори со винариите и откупувачите за да можеме да обезбедиме колку што е можно поповолна цена за лозарите оваа година очекуваме зголемена побарувачка зашто винариите се празни.Истовремно Влдата работи на обезбедување на сигурен пласман, но секако ќе бидеме нивен партенр и во преговорите за цените, оваа година стартуваме и со зелената нафта директно еден огромен број на земјоделски производители кои што ќе имаат до еден милион денари вкупен приход ќе им биде вратен персоналниот данок и тоа ќе дојде токму на почетокот на наредната сезона кој ќе му биде дополнителна субвенција,изјави Заев

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски информира дека Владата на вчерашната седница ја донела новата национална програма за земјоделство и рурален развој за следните 5 години со бројни мерки и поволности за земјоделците.

– Оваа година предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имат меѓу еден и десет ха лозови насади нашата интенција е да ги стимулираме да го модернизираат производството односно да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои навистина можат да го донесат развојот, затоа предвидуваме дополнителни 20 посто за оваа категорија да премине во уште поголема.Исто така новина е подршката од 12 илјади денари во делот на реконструкцијата на лозовите насади односно обнова на сортите и на старосната структура на лозјата, ова ќе придонесе кон зголемување на квалитетот на производството. Оваа година исплативме субвенции кои се десет проценти поголеми од основните, минатата година владата на првата седница донесе одлука и поради лошата година десет процентно зголемување на субвенциите на лозарите од 40 на 44 илјади денари и тие пари лозарите ги добија навреме.За првата недела во март договоривме првичен состанок во Штип со винарите и лозарите навреме да ги започниме сите подготовки околу мотивирањето на винарите исто како и државата да излезат во пресрет на лозарите.Како влада сме фокусирани целосно да ги вратиме парите назад кон лозарите,посочи Николовски.

Лозарите од Тквешијата денес го празнуваат Свети Трифун,ја закроија виновата лоза и си посакаа успешна година. Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од над 23 илјади хектари а од оваа гранка егзистираат над 18 илјади семејства во земјава.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...

Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци ...