Нил Дајмонд ја откажа последната турнеја откако дозна дека има Паркинсонова болест – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нил Дајмонд ја откажа последната турнеја откако дозна дека има Паркинсонова болест

Американскиот пејач, Нил Дајмонд ја откажува актуелната турнеја и се повлекува од одење на турнеи бидејќи дознал дека боледува од Паркинсонова болест. Тој исто така, ги откажал и концертите во Австралија и Нов Зеланд кои беа закажани за март.

Во изјавата за медиумите тој посочи дека оваа одлука ја донел со големо разочарување.

„Навистина ми е чест што успеав да се претставам на публиката преку концертите во изминатите 50 години. Примете го моето лично извинување сите вие кои купивте карти и сакавте да дојдете на концертите. Фала на целата моја лојална и посветена публика низ светот“, рече Нил Дајмонд во официјалната изјава за медиумите.

Инаку, тој во богатата кариера има добиено Греми награда, продаде 130 милиони албуми ширум светот и ќе остане запамтен како еден од најпродаваните артисти на сите времиња.

 

 

 

Би те интересирало и

Намирници кои може да ги конзумирате во вечерните часови без да имате грижа на совет

Многумина не можат да им одолеат на оброците во доцните часови, иако знаат дека во ...

Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова

Познатата актерка, Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда, Мартина Навратилова и ...