Новак и Јелена Ѓоковиќ чекаат второ дете – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Новак и Јелена Ѓоковиќ чекаат второ дете

Сопругата на тенисерот, новак Ѓоковиќ, Јелена е во вториот месец од бременоста, така што овој пар би требало во август да го добие своето второ дете.

Оваа вест, за српски Блиц неодамна ја потврдил извор, близок на семејството.

„Јелена на почетокот од годината се посомнева дека е бремена, па одлучи да посети лекар, кој само ги потврди среќните вести. Сопругата на Новак не можеше да дочека, па тоа му го соопшти преку телефон. Двајцата буквално врескаа од среќа, бидејќи отсекогаш имаа голема желба да имаат две деца“, изјавил изворот.

Токму од оваа причина, Новак изминатава недела ја посети Србија сам.

„Заради одредени ризици, Јелена не може да патува, туку некое време ќе мора да помине дома, за да нема никакви проблеми. Докторите ја советуваа постојано да мирува, бидејќи влегува во вториот месец од бременоста, кој знае да биде ризичен, па тоа е причината зошто ги откажа сите патувања и закажани обврски“, истакна тенисерот.

За бременоста на Јелена се грижи целокупен тим на лекари, а породувањето ќе биде направени во истата болница во Монте Карло во која Јелена го роди синот Стефан.

Би те интересирало и

Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од ...

Изнер го стопираше Дел Потро, во финалето го чека Зверев

Американскиот тенисер, Џон Изнер успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами, откако ...