Новата Влада планира продолжен рок на СЈО, специјално судско одделение и Закон за заштита на сведоци

„Владата на Република Македонија ќе ги овозможи сите институционални, материјални и севкупни услови потребни за работа на Специјалното јавно обвинителство, пред кое стои огромна одговорност за расчистување на скандалот со прислушување и борба против корупцијата, криминалот и злоупотребите на власта“, пишува во предлог-програмата на Владата доставена до Собранието.

Во програмата уште пишува дека Владата итно ќе предложи продолжување на рокот во кој СЈО може да покренува обвиненија, како и заштита на сведоците во случаите кои се во негова надлежност со што ќе овозможиме квалитетни истраги, одговорност за сите злоупотреби и ефикасно функционирање на правната држава.

Најавено е дека Владата до Собранието ќе предложи законски измени:  за зголемување на транспарентноста во работата на Судскиот совет, заради негова поголема професионалност, независност и совесност во работата,  за реформа на Академијата за судии и јавни обвинители, за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, како закон кој содржи парадоксални и неодржливи решенија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...