Нова серија земјотреси во Охрид – најсилниот 3,7 степени

Нова серија од шест земјотреси изминатата ноќ повторно го потресе охридскиот регион. Најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихер е регистриран изутринава во 7:18 часот.  Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Преостанатите четири земјотреси се случија во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.

Епицентарот на сите земјотреси бил во охридското епицентрално подрачје.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

.

Би те интересирало и

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...