Нова теорија за потонувањето на бродот Титаник

img-314364

Стручњаците тврдат дека дошле до нови докази кои укажуваат на тоа дека катастрофата започнала од пожарот што избувнал во трупот на бродот пред самото испловување, а иако знаеле за тоа, сопствениците на бродот не сакале да го одложат испловувањето.

Новинарот Шенан Молони, кој веќе 30 години го истражува потонувањето на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електричар на бродот и забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот на местото каде што подоцна ќе удри мразот.

Се претпоставува дека дамките настанале од пожарот во една од котларите, кој го гаснеле 12 луѓе, но бил преголем. Температурата се искачила над 1000 Целзиусови степени, а екипажот наводно добил наредба за тоа да не зборува. Молони уште тврди дека бродот пред испловувањето бил така закотвен, што патниците не можеле да го видат пожарот.

Кога Титаник удрил во мразот, трупот на бродот бил ослабен од топлината на пожарот и попуштил, што овозможило водата брзо да навлезе во внатрешноста и бродот да потоне за кратко време.

„Официјалната истрага на потонувањето се толкуваше како Божје дело, но ова не е едноставен случај на судар со леден брег. Катастрофата е последица на пожарот, мразот, но и човечкиот фактор, негрижа на сопственикот на компанијата. Стручњаците за металургија ни рекоа дека таквите температури можат да ја ослабат цврстината на челикот за 75 отсто“, тврди Молони, пренесува The Independent.

Додади коментар

Би те интересирало и

Е ова се вика љубов! (Видео)

Мислите дека детето не треба да живее со куче во иста куќа, дека тоа не ...

Сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и дефицит на пазарот

Глобалното затоплување може да доведе до сериозно паѓање на квалитетот на кафето и оттаму и ...

Close