Новиот владин состав треба да биде познат денеска

Новиот состав на владата, како што претходно најави мандатарот Зоран Заев, би можел да биде познат денеска, а гласањето во Собрание би можело да се одржи на почетокот на следната недела.

Според Зијадин Села, од Алијансата на Албанците, тие ќе дадат поддршка за новата влада, без оглед дали ќе партиципираат во неа.

Засега е неизвесно како ќе се постави Беса, од каде настапуваат со свои барања.

Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22-от редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи во сабота во Скопје. Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата.

До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес.

На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата. На актуелниот мандатот му истекува наредниот месец.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...