Новиот директор на Агенцијата за медиуми не смее да биде партиски функционер

Директорот на Агенцијата за медиуми ќе биде личност која 10 години не била член на партија.

Ова е еден од новитетите кои се предвидуваат во новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Наместо досегашниот мандат од 7 години на членовите на Советот на ААВМУ, тој биде 5 години. Се уредува политичкиот плурализам во медиумите и спречувањето на говорот на омраза во медиумите преку воведување на можноста Советот на Агенцијата да изрече соодветни мерки за сите, непристрасно и независно.

Се укинува можноста Владата да биде доминантен огласувач во медиумите, а со тоа се отстранува и можноста за влијание врз уредувачката политика на приватните медиуми.

МРТ ќе се финансира од средства обезбедени од Буџетот во висина од 0,7 % од Буџетот во тековната година. 74,5% од парите ќе бидат за МРТ за покривање трошоци за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој, 19,5% за ЈП Македонска радиодифузија за одржување, употреба и развој на јавната радиодифузна мрежа и 6% за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Вршењето на радиодифузната дејност и работите од јавен интерес во областа на радиодифузијата се уредени со Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Едни од целите на Законот се обезбедување транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизулените медиумски услуги. Меѓутоа, законот не ги постигнува очекуваните резултати. Основна причина за тоа е што кога е донесен законот во 2013 година, Владата и Собранието ги игнорираа забелешките на новинарските и медиумските организации. Освен тоа не беа вградени клучните препораки на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ во врска со намалувањето на политичкото влијание медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...