Новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар – Битола – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар – Битола

Камерниот оркестар на Битола вечер, со традиционалниот новогодишен концерт, ќе ја заокружи успешната година во која настапуваше дома и во странство.

На програмата се хитови од светски познатите имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,… кои заедно со Оркестарот ќе ги изведат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

„Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“ но и гостувањата во странство пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац“, најави Владимир Димовски, диригент на Камерниот орксетар, во пресрет на вечерашниот концерт.

Камерниот оркестар работи под покровителство на НУ Центар на култура – Битола годинава одржа заеднички концерти и со Влатко Стефановски, како и со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош.

Би те интересирало и

Денеска Православните верници го слават Богојавление – Водици

равославните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот ...

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...