Новогодишна претстава и многу забава може да се види на „Улицата на радоста“ на Плоштадот Македонија за новогодишните празници.
„Дедо Мраз во пензија“ е претставата што синоќа беше изведена, каде Дедо Мраз е придружуван од Белата и Темната кралица, ангелите и џуџињата. По претставата, соопшти Град Скопје, на актерите им се придружи и новогодишната музичка парада и заедно прошетаа низ улица Македонија и Плоштадот.
Претставатите е предвидено да се одржуваат двапати дневно секој ден до 31 декември од 13 и 18 часот, кога се очекува официјалното пристигнување на Дедо Мраз во 12 часот. Неговото пристигнување, најавуваат од Град Скопје, ќе биде изненадување за сите посетители а воедно ќе испрати и можна порака.
На плоштадот Македонија се одржува и базар на кој можат да се најдат рачно изработени предмети, топли напитоци, вкусна храна и разни подароци