Новоформирана комисија ќе го испитува случајот со спорната Збирка поезија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Новоформирана комисија ќе го испитува случајот со спорната Збирка поезија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски го актуелизира случајот со издавањето Збирка поезија со спорна содржина. Овојпат, тој на прес конференција соопшти дека ќе се формира комисија што ќе утврдува одговорност кај членовите на комисијата што ја правела селекцијата на песните од младите поети.

Тој и денеска, одговорноста ја лоцираше кај комисијата, која како што рече,  имала обврска да изврши селекција на пристигнатите творби и да постапи непристрасно, совесно и стручно. Членовите на комисијата, нагласи тој, ќе треба да ја надоместат штетата од 170 000 денари за печатењето на 5000 примероци од Збирката.

Според него, прекршен е и Законот за издавачка дејност.

„Како директор не сум дала никаква писмена или усна согласност да бидат уредник. АМС  не може да биде издавач на збирката поезија, а овластеното лица на АМС не може да биде уредник на истата, имајќи ги предвид условите кои ги пропишува Законот за издавачка дејност“, изјави Каевски додавајќи дека допрва ќе се истражува кој го злоупотребил неговото име како уредник.

Тој соопшти и дека раководителот на секторот „Млади“ , кој во Агенцијата работел повеќе години, ќе биде суспендиран.

Каевски информираше и дека Министерството за внатрешни работи покренало иницијатива за покривање на идентитетот на авторот на песните со спорна содржина, откако  студентот Даниел Пиљаковски, чие име е запишано под истите, обелодени дека тој впрочем не е авторот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, директорот повторно потенцираше дека чувствува морална одговорност, но и дека поголема е одговорноста за истражување на случајот.

Ваквиот проект се спроведува веќе четири години, но Каевски тврди дека ова е првпат како уредник да биде наведен директорот на Агенцијата.

Тој рече проектот и понатаму ќе се спроведува, но ќе подлежи на ревидирање за да не се случи истото.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...