Ново продолжение на 8. собраниска седница

За денеска е закажано ново продолжение на 8. седница на Собранието на Република Македонија. До доцна синоќа пратениците расправаа по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година.

Во текот на расправата во бројни меѓусебни реплики, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценија дека  економските политики на претходната Влада предводена од нивната партија која го подготвуваше Буџетот за 2016 година, биле ефикасни и придоенеле за раст на економијата, намалување на невработеноста, странски инвестиции и финансиска стабилност. Упатија критики за предложениот ребеланс на Буџетот со кој сметаат дека се кратат финансии за проекти значајни за граѓаните.

Пратениците од СДСМ, пак, забележаа дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Би те интересирало и

Комплетна реализација на наставата на босански јазик од наредната учебна година

Од наредната учебна година, во основните учичишта комплетно ќе биде реализирана  наставната програма на босански ...

Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ

Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел – членството во ЕУ и НАТО, а ...