Ново рочиште за напаѓачот на Шекеринска

Кривичниот суд денеска треба да одржи ново рочиште за Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска за насилството во Собранието на 27 април.

На претходното рочиште, адвокатот на обвинетиот, Драган Пешевски, побара одложување, бидејќи, според она што го видел од записниците, неговиот клиент бил правно неук, па морал дополнително правно да го посоветува бидејќи за првпат се виделе во судница.

Во судницата беше присутна и Шекеринска која побара отштета, а за висината на побарувањето, најави дека дополнително ќе се произнесе.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...