Нов албум на Жељко Бебек

Легендарниот пејач Жељко Бебек денеска во Белград го промовираше својот нов албум „Ono nešto naše“, на ЦД и на плоча.

Се работи за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со синглот „Prvak sveta“, промовиран на ЦМЦ фестивалот во Водици во 2015 година. На албумот се наоѓаат вкупно девет песни.

Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор повеќето песни.

„Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив, ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце“, изјави Бебек.

Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...