Нов блесок на Несторовски за Палермо

Илија Несторовски одигра уште еден одличен натпревар за Палермо во синоќешната победа на гостувањето кај Карпи 3-1, во италијанската фудбалска Серија Б.

Македонскиот репрезентативец и капитен на Палермо ги постигна првите два погодоци и асистираше при третиот погодок.

Несторовски има шест погодоци и две асистенции на осум првенствени средби сезонава.

Палермо се наоѓа на третото место на табелата со 18 бода по 11 одиграни кола, односно има два поени помалку од водечкиот Емполи.

 

Преземено од: Нова Македонија

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...