Нов земјотрес во Охрид: Граѓаните се’ повознемирени

Фото: Архива

Земјотресот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала што попладнево во 13:18 часот го потресе охридскиот регион, ги вознемири охриѓани и туристите во градот, кои излегоа пред своите домови и објектите каде што престојуваат.

На некои објекти забележани се помали оштетувања и напукнувања, а жителите на Охрид и околните места се жалат на мирис на сулфур.

Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала. Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји.

Четириесеттина минути по овој, е регистриран уште еден потрес со магнитуда од 3 степени според Рихтер.

Два земјотреса беа почувствувани и рано изутрината во охридското епицентрално подрачје. Епицентрите и на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close