Нов земјотрес на северот од Галичица

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотрес со сила од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала обично едвај се чувствува од населението.

Подрачјето на северот на Галичица е сеизмички активно од 18 јуни, со повеќе од 1.000 потреси регистрирани оттогаш.

Би те интересирало и

Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните договори и стандарди за екстрадиција

Владата очекува дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи ...

На Грујевски и Бошковски во Грција ќе им се суди за лажните пасоши

На поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, денеска се очекува експресно да ...