Нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан

seminar

„Новите градови на Балканот: Реконструкција за каква иднина?“ е темата на семинарот на кој ќе се дискутира за нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан, ќе се одржи денеска во Скопје.

Семинарот ќе го отворат министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, а го организира Францускиот институт во Скопје. Во рамките на семинарот ќе се одржат две тркалезни маси на тема „Престолнините за 30 години: предизвици на иднината“, со учество на  Жак Леви, специјалист од областа на политичка географија, професор на Политехничката школа во Лозана и автор на повеќе дела, и „Интелигентни градови, нови технологии “, со учеството на  Лоран-Пјер Жилијар, заменик-директор на Агенцијата „Акитен Нимерик“, чие излагање ќе биде преку видео-конференција.

Ќе учествуваат и повеќе реномирани домашни експерти и професори од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...