Нов обид за избор на обвинителката Гордана Гешковска

Советот на јавни обвинители денеска на седница повторно ќе се обиде да ја избере обвинителката на скопското јавно обвинителство, Гордана Гешковска.

Освен оглас за нов претседател на Скопското јавно обвинителство, денеска повторно треба да се расправа и за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, и за обвинител во Републичкото Јавно обвинителство. Марко Зврлевски се обидува неговата шефица на кабинет Бисера Лазаревска, да биде избрана за Виш обвинител во Скопје.

Медиумите пишуваа дека скопската јавна обвинителка Гордана Гешковска, иако била избрана за заменик на Марко Зврлевски, а потоа и како главен скопски обвинител и во двата случаи не доставила анкетен лист за нејзината имотна состојба, што била должна да го стори во рок од 30 дена по стапување на функцијата.

Гешковска го работи предметот за нападите во Собранието на 27 април. Таа исто така е позната и по случајот „Монструм“, во кој побара максимална казна за обвинетите. Гешковска ѝ е позната на јавноста и по случајот за смртта на новинарот Никола Младенов, како и случајот „Пајажина“, во кој беше осуден сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close