Нов поглед на животот за дете со оштетен вид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нов поглед на животот за дете со оштетен вид

Петнаесетгодишниот, Конор Симпсон од Шкотска, кој има  целосно оштетен вид, сега може да „гледа“ што се случува околу него на мала гласовна камера којашто чини 3.600 фунти.

Благодарение на хуманите луѓе кои помогнаа во набавката на помагалото, сега момчето е барем малку посамостојно во движењето и извршувањето секојдневни потреби. Камерата функционира така што кога Конор ќе ја насочи некаде, камерата му опишува што е пред него со компјутерски генериран говор.

Уредот има и опција – подесување на гласот на звучната камера, дали да биде машки, женски, па дури со каков нагласок да ви зборува, објави „Дејли Меил“.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...