Нов предизвик: Звонко Шундовски ја презема репрезентацијата на Израел

Човекот што на Македонија и го донесе најголемиот репрезентативен успех во машкиот ракомет, Звонко Шундовски (петто место на ЕП во Србија 2012), ја напушти клупата на романскиот ЧСМ Букурешт и стана нов селектор на репрезентацијата на Израел – пренесува порталот 24 Ракомет.

Официјално се очекува да стапи на таа должност од 25 јули, а со тоа и да го предводи Израел во квалификацискиот циклус за пласман на Светското Првенство во 2019 година во Германија и во Данска.

Шундовски во тренерската кариера беше на клупата на Пелистер (2003-2007), Металург (2007-2009) и романските Констанца (2012-2015) и Букурешт (2015-2017), а беше селектор на младинската селекција на Македонија (2006-2008), асистент во сениорската (2007-2009), а од 2010 година седна на клупата на сениорскиот тим на Македонија.

Тој е третиот Македонец, по Ристо Магдинчев (Катар) и Љупчо Савевски (Турција), што ќе биде селектор на странска земја.

 

Извор: www.24rakomet.mk

Би те интересирало и

Металург испушти победа во Украина

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево одиграа нерешено на гостувањето кај Мотор во Украина со ...

Металург гостува кај Мотор во ракометната ЛШ

Македонскиот ракометен вицешампион Металург попладнево на гости во Украина кај Мотор го игра натпреварот од ...